КУРСНА ЛИСТА- НБРМ
29 Декември 2008 -ПОНЕДЕЛНИК
Вал. Куп. Сред. Прод.
EUR

61.1058

61.412961.7200
CHF 40.456740.660040.8633
GBP 63.924964.246264.5674
USD 43.420643.638843.8570

Што треба да знаете за една Банка, пред да ги орочите Вашите пари

Кои се сопствениците на Банката?
Дали Банката поседува оценка за рејтинг од реномирана и независна агенција?
Како Банката ги инвестира средствата од депозитте на граѓаните?
 



  ...повеќе...


 

Интервју со д-р Сашо Арсов, Професор на Економскиот факултет Скопје

За светската финансиска криза, причините, последиците, стручната мисла, очекувањата, прелевањето на кризата во Р. Македонија, како и развојот на берзанското тргување кај нас во изминатите години

  ...повеќе...


 

Платен промет со странство - физички лица

Платниот промет во странство може да се реалзира на неколку начина односно постојат неколку финансиски инстутции преку кои што може да се изврши саканиот трансфер на пари. Во основа Банките ја нудат ова услуга во рамките на дирекиците за Платен промет 
Покрај овие начини постојат и други сервиси односно начини за пренос,

  ...повеќе...

ДОБРОДОЈДОВТЕ НА ИНВЕСТИЦИИ.com.mk 

24 Часа со Вас

      Почитувани!

     
Дозволете ни да напишеме неколку реда за нашето појавување и Вашата прва посета на ИНВЕСТИЦИИ. Ќе се воздржиме од клишеата „Што  е ИНВЕСТИЦИИ“, „Зошто ИНВЕСТИЦИИ“ и сл. Едноставно сметаме дека постои потреба од квалитетна веб-страница која ќе содржи информации, текстови, интервјуа, апликации, форуми, и која ќе се надоградува со се’ она за што ќе се покаже интерес и потреба. Нема да започнеме ниту со дефинирање на поимот инвестиција, бидејќи тоа може се најде во многу научни трудови и стручна литература. Идејата на Инвестиции.com.mk не е во сувопарното и безлично изнесување на дефиниции, туку напротив нивно објаснување, анализа, компарација и пред се применливост во секојдневното работење. Затоа на овие страници ќе можете да најдете дел од погледите и ставовите на  компетентни професионалци домашни и странски кои  се бават со теоријата и практиката на инвестициите во вид на авторски текстови и интервјуа, но и повеќе од тоа; Инвестиции.com.mk е отворен за  сите добронамерници кои сакаат да го споделат своето иксуство, знаење  и мислење за сето она што се содржи под поимот инвестирање, како основа за прогресот и развојот на секоја индивидуа но и на општестовото во целина. На таков начин со Ваше активно учество ќе може да ја оствариме целта на Инвестиции.com.mk, како јавен сервис во кој ќе  нуди корисни и интересни  информации за навремено и ефикасно исполнување на секојдневните деловни обврски, но и отварање на идеи и размисли за идно инвестирање и развој.  При тоа, однапред се оградуваме од дневно политичка анализа на економските потези и мерки на владата и државната политика како и злоупотреба на анализите и ставовите изнесени на овие страници за промоција на политички пораки и/или партиски ставови.     

     Започнуваме со ФОРУМОТ на ИНВЕСТИЦИИ на кој очекуваме секојдневна размена на мислења од сите области кои ги интересираат секојдневните инвеститори: банкарското работење, берзите, осигурителниот бизнис....всушност, се’ она што самите го сметате за тема која е соодветна на ИНВЕСТИЦИИ. Воедно, ИНВЕСТИЦИИ ќе содржи и апликации и популарни текстови со помош и совети кои ќе се обидат да Ви дадат информации кои ќе Ви го олеснат секојдневниот живот.  ИНВЕСТИЦИИ.com.mk ќе настојува секојдневно да има соодветно избрани свежи вести кои ќе Ви овозможат постојано да бидете во чекор со најновите случувања. Секако, очекуваме Ваши мислења, сугестии и предлози, се’ што може да допринесе до наша подобра и поквалитетна комуникација.

     Што да кажеме за крај на овој воеден текст?Согласно нашата филозофија на живеење и работење, секој Ваш клик, секоја Ваша секунда помината во посета на ИНВЕСТИЦИИ претставува инвестиција, која, се надеваме дека ќе Ви биде исплатлива и вредна.

Ве очекуваме !


 
Регионални индекси 26.12.2008
 
MBI10

2.062,87 

-1,03

MBID

2.193,08 

+0,19
Crobex

1.758,57

0,00
Sasx-10

1.204,10 

+1,07
Birs

1.000,22

+0,63
Nex20

8.828,64 

+0,84 

Moste

390,32 

+0,21
Belex15

538,42

+2,04
SBI20

3.566,12

0,00
 
Банер
Банер