КУРСНА ЛИСТА- НБРМ
29 Декември 2008 -ПОНЕДЕЛНИК
Вал. Куп. Сред. Прод.
EUR

61.1058

61.412961.7200
CHF 40.456740.660040.8633
GBP 63.924964.246264.5674
USD 43.420643.638843.8570
Вкупно 3,6 милиона евра се свртеа на берзата неделава.
Четврток, 12 Јуни 2008

12.06.2008
Тргувањето се зголеми минимално, но индексот МБИ 10 секој ден регистрираше надолен тренд. Брокерите очекуваат подобри времиња....

Во четирите работни дена карактеристична беше блок трансакцијата со која се продаде капитал во вредност од милион и 70.000 евра од „Алкалоид“, како и продажбата на обврзницата за денационализација во вредност од 730.000 евра.

Тргувањето се зголеми минимално, но индексот МБИ 10 секој ден регистрираше надолен тренд. Брокерите очекуваат подобри времиња.

„Лошите политички односи влијаат на тоа инвеститорите да бидат воздржани, меѓутоа ние очекуваме дека од септември овие состојби ќе корегираат, односно дека повторно ќе има пораст на Македонската берза“, рече Александар Манев, инвестициски фонд „Илирика“.

Неделава од „Макпетрол“ се продаде капитал во вредност од 416.000 евра. Цената на акцијата вчера во однос на минатиот петок се намали за 4,4%.

Од „Топлификација“ се продаде капитал од 157.000 евра, цената на акцијата падна за 14%.

Од „Макстил“ се продаде капитал во вредност од 118.000 евра.

Од „Гранит“ се истргуваа акции во висина од 105.000 евра, а нивната цена се намали за 7,9%.

Вредноста на капиталот на „Фершпед“ падна за 6%, на „Жито Лукс“ за 22%.

(Извор А1 вести)


 
Регионални индекси 26.12.2008
 
MBI10

2.062,87 

-1,03

MBID

2.193,08 

+0,19
Crobex

1.758,57

0,00
Sasx-10

1.204,10 

+1,07
Birs

1.000,22

+0,63
Nex20

8.828,64 

+0,84 

Moste

390,32 

+0,21
Belex15

538,42

+2,04
SBI20

3.566,12

0,00
 
Банер
Банер