Анкети

Кој би бил најверојатен и најсилен ефект од светската криза за Македонија
 
КУРСНА ЛИСТА- НБРМ
29 Декември 2008 -ПОНЕДЕЛНИК
Вал. Куп. Сред. Прод.
EUR

61.1058

61.412961.7200
CHF 40.456740.660040.8633
GBP 63.924964.246264.5674
USD 43.420643.638843.8570
Кој ќе биде следниот чекор на T-Home ?
Технологии
Понеделник, 23 Јуни 2008

 

После долготрајните најави и очекувања, в о краток период од само неколку месеци се појавија два нови оператори во фиксната телефонија. Иако со два различни концепти, ОН ТЕЛ како корисник на преносниот систем на T-Home, а Космофон со користење на напредната мобилна технологија, сепак пакетите кои ги понудија на прв поглед се многу слични.

Интересно е да се напомене дека за сега изгледа дека T-Home немо ги следи активностите на новата конкуренција. Можеби ќе почекаат да видат како ќе реагираат потрошувачите за да излезат со нова понуда. За нивна среќа, се чини дека во моментов многу е мал одзивот на корисниците за промена на телефонскиот оператор. Иако во изминатите години голем број на корисници најавуваа дека доколку се појави и еден нов оператор со слични цени како и Телеком, многу од нив ќе преминат од проста причина што им е „ преку глава “ од монополот кој го диктираше, а можеби и сеуште го диктира Македонскиот Телеком.

Во овој момент конкуренцијата настапи со интересни пакети и цени.

Понудата на Космофон се состои од припејд пакети со кои не е потребен договор. Доволно е да си купите опрема и цените по кои ќе разговарате се поефтини од Телеком.
Космофон настапуваат и со 3 нови пакети со претплата : 199 денари (во кој нема бесплатни минути за разговор), 299 денари (со 100 импулси/минути бесплатен разговор) и 599 денари (со 600 импулси/минути бесплатни разговори). За жал не е прецизирано дали бесплатните разговори се однесуваат кон сите мрежи или кон одредени мрежи. Цените по кои разговарате се од 0.99 денари / минута за сите фискни мрежи во ALLO 199 пакетот до 0.49 денари /минута кон ALLO корисниците и 0.99 денари кон останатите фиксни оператори.

ОН ТЕЛ понуди еден пакет, веројатно под претпоставка дека клиентите полесно и побрзо ќе се одлучат да преминат доколку им понудите едно решение. Имено , за месечна претплата од 990 денари нудат неограничени разговори во мрежата на ОН ТЕЛ и 300 минути кон останатите фиксни мрежи. Интересно е што 300 минути делува како поволен пакет ако се земе претплатата во предвид.



Најинтересно е што ОН ТЕЛ почна да го нуди својот најнов пакет, заедно со Интернет конекција.
За цена од само 1286 денари (со вклучен ДДВ) добивате :
1. Телефонскиот пакет кој вреди 990 денари (со неограничен разговор во мрежата на ОН ТЕЛ и 300 минути кон останатите фиксни оператори).
2. Супер брз АДСЛ 2 интернет со брзина до 5 Mb и сообраќај од 6 GB

Напоменуваме дека цените наведени во текстот се без ДДВ.

Останува да видиме кој ќе биде одговорот на Телеком на појавата на конкуренцијата , дали новата понуда за бесплатен детален преглед е доволна мотивација да останат корисниците ?

Очекуваме ваши мислења, искуства и дебати на нашиот форум за оваa тема.


 
Регионални индекси 26.12.2008
 
MBI10

2.062,87 

-1,03

MBID

2.193,08 

+0,19
Crobex

1.758,57

0,00
Sasx-10

1.204,10 

+1,07
Birs

1.000,22

+0,63
Nex20

8.828,64 

+0,84 

Moste

390,32 

+0,21
Belex15

538,42

+2,04
SBI20

3.566,12

0,00
 
Банер
Банер