КУРСНА ЛИСТА- НБРМ
29 Декември 2008 -ПОНЕДЕЛНИК
Вал. Куп. Сред. Прод.
EUR

61.1058

61.412961.7200
CHF 40.456740.660040.8633
GBP 63.924964.246264.5674
USD 43.420643.638843.8570
Е-банкарство во Македонија
Електронско банкарство - физички лица
Понеделник, 30 Јуни 2008
Елетронското банкарство во Македонија во последните две години е во континуриан развој. Се поголем број луѓе го прифаќаат како единствен начин за плаќање на своите обврски. Секако, тоа е голема предност наместо чекањето редици во банките. Се што треба да направите е својата трансакциона сметка од соодветната банка да ја пријавите за интернет плаќање, да добите соодветен медиум за користење на услугата, добар интернет и компјутер. Уште повеќе, користењето на електронското банкарство е и поефтин начин за плаќање, односно наместо да плаќате поголема провизија, од вашата удобна фотеља Вашето плаќање може да биде и бесплатно.

Секако секоја банка промовира свој начин за плаќање, со различни можности и цени на услугата. Ние се обидовме да направиме мала споредба на неколку банки што нудат електронско банкарство за физички лица.

1. Стопанска Банка
   Изгледот на решението е одлично, лесно се користи и навидум секој би можел без проблем да го користи. Цената на услугата е релативно ефтина, односно за 50денари добивате ЦД со дигиталниот потпис, и клуч за користење на услугата. Потоа цените за плаќање се можеби и најефтини во моментот. Интерните налози не се наплаќаат, плаќањата кон други банки ве чини 5 денари по налог, додека преку МИПС (односно веднаш уплата) е 50денари, без разлика на износите што ги плаќате.
Интересно решение се и шаблоните кои може сами да си ги креирате, за да можете секое редовно плаќање да не го препишувате нон-стоп.

Единствена мана е изводот, кој може да го видите од претходниот ден. За жал денешните уплати не можете да ги видите истиот ден.

2. Комерцијална Банка
   Изгледот е сосема задоволителен, и со мали потешкотии може да се снајдете. Дигиталниот потпис може да го добиете на УСБ токен кој ќе ве чини 1500 денари или може да побарате бесплатно да добиете 40 кодови кои ќе ги употребувате при плаќање. Откако ќе ги потрошите кодовите повторно можете бесплатно да побарате нови кодови. Цените за услугите се малку поскапи од Стопанска Банка, но сепак се поефтини отколку да одите на шалтер. Интересно е решениото за плаќање на Вашите сметки, односно Комерцијална Банка има сервис што е директно поврзан со системите како што се Телеком, ЕВН и сл. Имено со внесување на Вашето име и сметката, системот веднаш ќе Ви покаже колку треба да уплатите, соодветно на Вашата сметка. Истотака од голема помош се и шаблоните кои сами ги креирате, покрај веќе постоечките креирани од банката.

   Голема предност е што дневниот извод Ви е достапен истиот ден.

3. Тутунска Банка
   Го немаме теситирано решениот, но според податоците што ги добивме, организираноста на шаблоните и примероците се слично како кај претхдоните две банки. Цените се слични како кај Комерцијална Банка. Медиум на кој е ставен клучот и потписот е на УСБ токен кој ќе ве чини 750 денари.

4. Прокредит Банка
   Иако услугата е поскапа во однос на претходните банки, сепак голема предност е во однос на чекањето на редици во банките.
Медиум на кој го добивате потписот е УСБ Токен и истиот ќе ве чини 1300 денари еднократно, а користењето на сервисот чини 100денари месечно.

Во следната табела ќе може да ги видите услугите кои овие четири банки ги нудат.
Секако доколку добиеме информации и за други банки, истите веднаш ќе бидат презентирани.

Очекуваме Ваши коментари и искуства на нашиот форум.

Банка / услуга

Стопанска Банка

Комерцијална Банка

Издавање на дигитален потпис

Цертификатот се издава на CD .

- Издавање на листа на кодови за еднократна употреба

- USB Token

Цена за дигитален потпис

50 денари - реиздавањето е на две години.

- Кодовите се бесплатни

- USB Token 1500 денари, а секое реиздавање е 300 денари

Годишен трошок

0 денари

0 денари

Провизија за интерни налози

0 денари

0 денари

Провизија за плаќање преку КИПС (во корист на друга банка)

5 денари / налог

- За износ до 5000 ден. – 10ден/налог 
- 5,000 – 50,000 – 20 ден. / налог 
- 50,000 – 300,000 – 30 ден. / налог 
- над 300,000 – 50 ден/ налог

Провизија за плаќање преку МИПС (во корист на друга банка)

50 денари / налог

- до 50,000 – 55 ден. / налог 
- 50,000 – 300,000 – 70 ден. / налог 
- над 300,000 – 110 ден/ налог



Банка / услуга

Тутунска банка

Прокредит банка

Издавање на дигитален потпис

УСБ токен

- USB Token

Цена за дигитален потпис

Усб токен : 750 денари / еднократно

- USB Token 1300 денари / еднократно

Годишен трошок

0 денари

- Месечно 100 денари

Провизија за интерни налози

..:: До 10,000 - 4 ден/ налог

..:: над 10,000 – 5 ден/налог

0 денари

Провизија за плаќање преку КИПС (во корист на друга банка)

..:: До 10,000 - 7 ден/ налог

..:: над 10,000 – 10 ден/налог

..:: За износ до 30 , 000 денари -10 ден/налог
..:: над 30,000 ден. - 15 ден / налог

Провизија за плаќање преку МИПС (во корист на друга банка)

50 ден/ налог

80 ден/ налог


 
Регионални индекси 26.12.2008
 
MBI10

2.062,87 

-1,03

MBID

2.193,08 

+0,19
Crobex

1.758,57

0,00
Sasx-10

1.204,10 

+1,07
Birs

1.000,22

+0,63
Nex20

8.828,64 

+0,84 

Moste

390,32 

+0,21
Belex15

538,42

+2,04
SBI20

3.566,12

0,00
 
Банер
Банер