КУРСНА ЛИСТА- НБРМ
29 Декември 2008 -ПОНЕДЕЛНИК
Вал. Куп. Сред. Прод.
EUR

61.1058

61.412961.7200
CHF 40.456740.660040.8633
GBP 63.924964.246264.5674
USD 43.420643.638843.8570
Кредитни картички
Кредитни картички
Вторник, 22 Јули 2008


Денес, за разлика од пред неколку години, имањето кредитна картичка е секојдневна потреба. Пред неколку години кредитни картички поседуваа само дел од граѓаните кои реално имаа потреба и можеа да си дозволат.
Денес банките даваат одредени поволности само да се одлучите да ја користите кредитната картичка. Иако провизиите што ги наплаќаат од трговците реално ги зголемуваат цените, односно провизиите се вкалкулирани во цената сепак предноста да не носите многу пари во паричникот е голема. Можете да си купите нешто иако не носите доволно кеш за тоа.

Одењето на патување надвор од Македонија сега е незамисливо без кредитна картичка. Немате потреба да се грижите дали имате доволно евра или долари. Уште повеќе ако е потребно да ги промените еврата или доларите во друга валута, барањето соодветна менувачница може да биде навистина кошмар. Лично, пред повеќе години, кога требаше да сменам евра (германски марки и долари) во драхми, беше ноќен кошмар во Грција. 

Нашите банки работат со реномирани и светски признаени и потврдени картички кои се  прифаќаат  во било кој дел од светот.
Во продолжение следи преглед на понудата на картичното работење во нашата држава
:


1. УНИ БАНКА
1.1. Кредитни картички кои се издаваат : Master и Visa
1.2. Годишна членарина : 30 – 40Еур годшино во денарска противвредност
1.3. Бескаматен период до 40 календарски дена
1.4. Каматна стапка од 1,19% месечно
1.5. Месечен минимум за плаќање : 7% од износот на долгот плус трошоци или минимум 300денари
1.6. Подигање готовина од АТМ на банката : 3Еур + 3%
1.7. Подигање готовина од АТМ на друга банка : 4Еур + 3%

 

2. АЛФА БАНКА
2.1. Кредитна картичка : American Express
2.2. Годишна членарина : без членарина за првата година и за секоја наредна година доколку се направи промет над 100,000 денари во спротивно 1500денари годишно
2.3. Бескаматен период до 5 0 календарски дена
2.4. Каматна стапка од 13% годишно
2.5. Месечен минимум за плаќање : 5 %
2.6. Подигање готовина од АТМ на банката : без провизија
2.7. Подигање готовина од АТМ на друга банка : 3% (минимум 150 ден.)

 

3. НЛБ Тутунска Банка 

Master
3.1. Годишна членарина : 1500денари годишно
3.2. Бескаматен период до 45 календарски дена
3.3. Каматна стапка од 1 2 % годишно за плаќање на рати, активна каматна стапка 16% годишно
3.4. Месечен минимум за плаќање : 0%
3.5. Подигање готовина од АТМ на банката : 2% (минимум 2Еур)
3.6. Подигање готовина од АТМ на друга банка : 3% (минимум 3Еур.)

Visa
3.1. Годишна членарина : 1500 денари годишно (900)
3.2. Бескаматен период до 45 календарски дена
3.3. Каматна стапка од 15% годишно
3.4. Месечен минимум за плаќање : 5 %
3.5. Подигање готовина од АТМ на банката : 2% (мин 2Еур)
3.6. Подигање готовина од АТМ на друга банка : 3% (мин 3Еур)

Diners Club International
3.1. Еднократна уписнина од 930 денари и годишна членарина : 150денари месечно

 

4. Прокредит Банка 

MASTER CARD
4.1. Годишна членарина : 1200 денари или 20Еур
4.2. Бескаматен период : 45 дена
4.3. Каматна стапка за револвинг картичка : 1,55% месечно
4.4. Месечен минимум за плаќање : 0%
4.5. Подигање готовина од АТМ на банката : 2%, мин 2,5Еур
4.6. Подигање готовина од АТМ на друга банка : 2% (минимум 2,5Еур)

Visa Classic
4.1. Годишна членарина : 1200 денари или 20Еур
4.2. Бескаматен период : 45 дена
4.3. Каматна стапка за револвинг картичка : 1,55% месечно
4.4. Месечен минимум за плаќање : 10% само кај револвинг картичката
4.5. Подигање готовина од АТМ на банката : 2%, + 3Eур
4.6. Подигање готовина од АТМ на друга банка : 2% +3E ур

 

5. Стопанска Банка

Visa Star
5
.1. Годишна членарина : 1500 денари со можност за намалување на членарината до 100% во зависност од годишниот промет
5.2. Бескаматен период : 40 дена
5.3. Каматна стапка : 12,5 – 14,5% годишно
5.4. Месечен минимум за плаќање : 5%
5.5. Подигање готовина од АТМ на банката : 2%, + 100 денари
5.6. Подигање готовина од АТМ на друга банка :3% + 100 денари

Промотивна кампања :
За сите трансакции направени при купување во трговската мрежа и подигање на готовина , во земјата и во странство, во периодот од 01.07.2008 до 30.09.2008 година, следува паричен бонус во висина од 1% од вредноста на трансакциите направени во текот на календарскиот месец.
На почетокот на секој месец пресметаниот паричен бонус за претходниот месец се исплаќа на сметката за кредитна картичка

Visa & Vero
5.1. Годишна членарина : 1500 денари со можност за намалување на членарината до 100% во зависност од годишниот промет
5.2. Бескаматен период : 40 дена
5.3. Каматна стапка : 12,5 – 14,5% годишно
5.4. Месечен минимум за плаќање : 5%
5.5. Подигање готовина од АТМ на банката : 2%, + 100 денари
5.6. Подигање готовина од АТМ на друга банка :3% + 100 денари

Поволност :
За сите трансакции направени при купување Веро продавниците се одобрува вредносен бон од 2%, а за сите други проданици се одобрува 1%. Овој вредносен бон се добива на крајот од пресметковниот период и се користи само во Веро маркетите

 

6. ИК Банка
6.1. Кредитна картичка што се издава : Visa
6.2. Годишна членарина : Бесплатна за првата година. Трошоци за издавање : 600 денари
6.3. Бескаматен период : 40 дена
6.4. Каматна стапка : 12% годишно
6.5. Месечен минимум за плаќање : 8% плус останатите трошоци
6.6. Подигање готовина од АТМ на банката : 1,5%, + 60 денари
6.7. Подигање готовина од АТМ на друга банка :2% + 120 денари

Списокот на банки не е затворен и ќе биде обновен со секоја нова пристигната информација.

Корисни совети

•  Картичките може да се користат за трансакции на инпринтери ( “ механички уреди – кои немаат електронска комуникација со Банката) и POS терминали ( Point of Sale) , за плаќање на стоки и услуги секаде каде е истакнат знакот на соодветната кредитна картичка ;

•  Картичките може да се користат и за подигање на готовина на банкомати и банкарски шалтери , меѓутоа внимавајте – во тој случај плаќате провизија чија големина варира од Банка до Банка и во суштина зависи од износот што сакате да го подигнете ;

•  Запоменте го Вашиот ПИН код и чувајте од злоупотреби и не го кажувајте/покажувајте во јавност. Никогаш не го давајте ПИН кодот. Единствено вие го знаете ПИН кодот за Вашата картичка.

•  Чувајте ја картичката како да е готовина. Никогаш не ја оставајте во возило, на маса во бар, ноќен клуб, или на плажа. Чувајте ја на сигурно место и не дозволувајте да биде изгребена, или оштетена.

•  По извршување на плаќањето, или подигањето готовина, не заборавајте да ја земете картичката и извештајот за трансакцијата. Секогаш проверете го извештајот што го потпишувате за точноста на податоците и износот на трансакцијата.

•  Доколку дојде до ГУБЕЊЕ, или КРАЖБА, јавете се веднаш во соодветниот центар за картично работење односно центарот за грижи на корисници во соодветната Банка издавач на картичката.

Се надеваме дека барем малку дадовме преглед на услугите кои се нудат од Банките во Македонија.

 


 
Регионални индекси 26.12.2008
 
MBI10

2.062,87 

-1,03

MBID

2.193,08 

+0,19
Crobex

1.758,57

0,00
Sasx-10

1.204,10 

+1,07
Birs

1.000,22

+0,63
Nex20

8.828,64 

+0,84 

Moste

390,32 

+0,21
Belex15

538,42

+2,04
SBI20

3.566,12

0,00
 
Банер
Банер