КУРСНА ЛИСТА- НБРМ
29 Декември 2008 -ПОНЕДЕЛНИК
Вал. Куп. Сред. Прод.
EUR

61.1058

61.412961.7200
CHF 40.456740.660040.8633
GBP 63.924964.246264.5674
USD 43.420643.638843.8570
Како до теренска работа за меѓународни организации и компании
АНАЛИЗИ И ТЕМИ - Кариера
Понеделник, 28 Јули 2008

Коментарите изнесени во овој текст треба да се сфтат како еден вид на препораки и согледувања базирани на личното искуство на авторот за работа во меѓународни реномирани организации од типот на ООН , развојни профитни и невладини организации, кои можат да имплеменитраат проекти на DFID , USAID , World Bank и слично. Наведеното не се однесува за ниско-квaлифицирана работна сила во приватни безбедоносни компании.

 

Во продолжение се наведени најзначајните критериуми односно фактори што треба да се земат во предвид при аплицирањето за работа:

•  Зборувате ли англиски течно и со прецизна употреба на стручни термини? Ова се усовршува и со читање на стручни текстови.

•  Дали имате солидно образование, по можност во западна земја или по западна универзитетска програма? Без диплома никој не ве зема во предвид. Магистерска е солидна. Докторат всушност е непрепорачлив, освен во професиите на советништво (advisor) и истражување (research), бидејќи академците најчесто размислуваат преапстрактно за да бидат од корист во прагматични ситуации.

•  Дали имате работно искуство во меѓународна развојна организација? За почеток е доволно да се работи како локален офицер во Македонија.

•  Дали сте ја прифатиле работната етика на ефикасност, деталност, кв а литет во работата, временост, процедури и следење на хиерархијата (chain of command)?

•  Ќе добиете ли одлични препораки ако се пријавите за работа во странство? Или од самите меѓународни организации или од македонски високи чиновници или високо кредибилни личности?

•  Умеете ли со луѓе? Опуштени ли сте? Имате ли повеќе пријатели на работа отколку непријатели? Умеете ли успешно да работите со луѓе кои лично и не ви се допаѓаат? Умеете ли да ја одржите дистанцата помеѓу приватниот и професионалниот живот?

•  Како реагирате под долготраен притисок и во криза? Ова е како јајцето и кокошката. Можеби одговорот е, 'нема да знам додека не се ставам под такви услови.' Фер одговор.

 

Толку за професионалноста. Малку и за човечката страна:

•  Дали сте подговтени да работите во кризни подрачја?

•  Дали вашите најмили се согласуваат со ваше заминување и се свесни за можните последици? Дали сте подговтвени да не ги гледате своите најмили почесто од секои три-четири месеци на по една до три недели? 

•  Дали врската со вашиот партнер ќе издржи таква разделба?

•  Ако имате деца, како ќе влијае вашето отсуство на нивниот раст?

•  Дали она што можете да го добиете со ваква работа ви е побитно од она што можете да го загубите?

•  Имајте на ум дека работата ќе ве промени. Процентот на луѓе кои се разведуваат после неколку години работа на терен е доста висок. Интензивните искуства стануваат некомпатибилни и непреводиви за оние кои останале дома. Не е правило, но можно е.

 

  Ако одговорите на претходните прашања ви се отприлика 'да, а можам и уште повеќе и подобро ако ми се отвори шанса,' тогаш е време да го подготвите општото CV и Cover Letter, и да ги соберете своите три препораки од последните три работодавци. На веб може да се најдат најразлични темплејти.  

Ошта препорака: Избегнувајте бои и украси и орнаментална реторика. Концизност, информативност и технички детали се поволни. Bullet-point style е вреден да се земе во предвид.

  CV: Одредени организации имаат свој шаблон за CV кој морате да го пополните. За ООН е потребен формуларот P11 ( тука ), за EU е тука , со одлични совети за пишување , а за приватни развојни компании кои работат на лукративните договори со УСАИД нема предодреден формат, но се' што ЕУ страната советува на оваа тема, важи и за американски компании.

  Cover Letter: Се претставувате како човек и професионалец. Тешко дека некој ќе интервјуира и висок стручњак ако овој не умее добро да се изрази и да ја опише својата работа. Од ова писмо треба да се види конкретната мотивација на апликантот, познавањето и искуството со специфичните барања на работното место опишани во Scope of Work/Terms of Reference. Концентрирајте се на сите посебни нешта за кои сте биле директно заслужен, лично или како дел од тим. Истакнете ги успесите на организацијата за која сте работеле, а со кои сте биле и вие заслужни. Отстранете лични и емтоивни референци, не оцрнувајте никого и не се фалете сами себеси. Едноставно, наведувајте факти и конкретни достигнувања (не обиди и можности) во репортерски стил.

За секое работно место, и CV - то и Писмото мора да се прекројат за да одговараат на потребата на компанијата за која сакате да работите. Земете го описот на работното место и одговорете како точно вие го исполнувате секој услов и работна задача од наведените.

Избришете ги вашите искуства и информации кои немаат врска со работата за која аплицирате, и разработете во детал се' што е во врска со неа. Целта е да се претсатвите како идеален или скоро идеален кандидат за таа работа, кој точно знае за што се нафаќа, лично е мотивиран, само-инцијативен е, постигнува, добро функционира и во тим, издржува пресија, запазува крајни рокови, ќе може да ја преземе работата без одложувања, проблеми, прилагодување, одноно изучување на занаетот на терен. И така натаму. Размислувајте со умот на луѓето кои ќе го читаат вашето CV - то и писмо меѓу стотици други и замислете како би изгледале идеални документи од нивна гледна точка.

 

Типс:

•  Додека не сте сосем сигурни дека вашите документи се ОДЛИЧНО напишани, не ги праќајте никаде. Може да завршите на црна листа и кога ќе си го поправите стилот, сепак организациите да ви ги одбиваат апликациите без да ги погледнат.

•  Многу често, огласите за работни места се веќе пополнети во времето на нивното објавување. Шансата некој да ве покани на телефонско или интервју сепак се зголемува правопропроционално со вашето работно искуство.

•  Помеѓу апликацијата за одредена работа и прелиминарното селектирање, поминува 1-2 месеци. Тогаш ви се јавуваат за интервју. ООН има едно интервју со повеќечлен панел. УСАИД има две интервјуа со мини-панели. Не сметајте дека сте ја добиле работата додека не го пот п ишете договорот.

•  Ако потпишете договор, не очекувајте дискриминација или финан с иски неповолни услови. Договорите на ООН и на приватните компании, партнери во имплементација на УСАИД, се стандардни без разлика од која земја доаѓате. Платата има гарантиран минимум, а точната цифра зависи од вашата финансиска историја. Ако влезете еднаш во системот, ќе се одлично грижат за вас - додека не ви заврши договорот.

•  Не сметајте дека сигурно ќе добиете работа. Понекогаш се потребни и повеќе од 6 месеци на упорно аплицирање за да се добие понуда.

•  Пазарот на работна сила за меѓународни договори е преоптоварен со апликанти од цел свет. Натпреварот е остар, почнуваме со слаб старт како Македонци, врските за добивање работно место, кои најчесто ги немаме, пречесто се пресудни, за жал, но сепак е можно да се навлезе во оваа интересна бранша. Значи, напорно е, но изводливо.

 

Корисни линкови :

•  ReliefWeb » Professional Resources » Vacancies

•  www.developmentex.com

•  Job Vacancies in United Nations and International Organizations

•  UNDP Jobs

•  EuroBrussels.com - Jobs in Brussels, EU institutions and International Organisations

•  Management Systems International

•  NDI - National Democratic Institute

•  IFES

•  CHF International

•  NIRAS

•  IWMI

Многу среќа и стрпливост!

Автор: Ана Пејчинова
(Линк до текстот и блогот на АНА)


 
Регионални индекси 26.12.2008
 
MBI10

2.062,87 

-1,03

MBID

2.193,08 

+0,19
Crobex

1.758,57

0,00
Sasx-10

1.204,10 

+1,07
Birs

1.000,22

+0,63
Nex20

8.828,64 

+0,84 

Moste

390,32 

+0,21
Belex15

538,42

+2,04
SBI20

3.566,12

0,00
 
Банер
Банер