Анкети

Кој би бил најверојатен и најсилен ефект од светската криза за Македонија
 
КУРСНА ЛИСТА- НБРМ
29 Декември 2008 -ПОНЕДЕЛНИК
Вал. Куп. Сред. Прод.
EUR

61.1058

61.412961.7200
CHF 40.456740.660040.8633
GBP 63.924964.246264.5674
USD 43.420643.638843.8570
Интернет Бизнис Модел
Технологии
Вторник, 19 Август 2008

Во услови на целосна глобализација, во развиениот свет Интернетот е речиси неопходна и неизоставна алатка во секојдневниот живот и деловно работење. Истовремено, општ е впечаткот дека во нашата држава состојбата е далеку од ваквите воспоставени стандарди и потребно е да се направи многу повеќе за да се фати чекорот со современиот свет. Присутноста на разните форми на Интернет бизнис како е-commerce, e-money, e-trade..... се многу скромни или пак доколку постојат повеќе се сведуваат на едноставна форма (градење на public image на компанијата) а не како реaлна алатка за водење на бизнисот кој ќе оствaрува профит. Во тој дел можеби најдалеку се отидени комерцијалните Банки во земјава бидејќи истите нудат солиден пакет на производи и услуги преку системот на електронско банкарство кој всушност се базира на Интернет како глобална инфрастуктура за поврзувaње на понудувачите – банките и потрошувачите. Но и тука и тоа како има простор за подобрување и збогатување на содржините. Ова особено се однесува на развојот на нови сервиси и услуги како и заживување на останатиот дел од финасискиот пазар (лизинг друштва, осигурителни компании, брокери). Дури и во одсуство на релевантни и издржани анализи општ е впечатокот дека Интернет ресурусите не се доволно искористени за поефикасно, побрзо и попродуктивно развивање на бизнисот. Каде може да се лоцираат проблемите за ваквата сотојба? Дали во немањето на соодветна законска рамка, во недоволното познавање на технологијата и можностите на Интернет, скапата или неквалитетната понуда на Интерент обезбедувачите (Internet service provider), во одсуството на претприемачкиот дух на луѓето или ..... Напредок иако недоволен постои во речиси сите овие наведни области. На пример во делот на законската рамка донесени се два многу важни законски акти: Законот за електронска трговија како и Законот за електронски потпис кој нудат основа за развој на Интернет бизнисот. И во делот на Интернет услугите односно “провајдерите” е направен значителен прогрес и во поглед на квалитетот но и во достапноста (WiMax, кабелскиот интернет, ADSL….). Државата преку Националната стратегија за ИТ развој и преку воспоставувањето на министерството за Информатички општество даде барем формален приод дека е заинтересирана за развој на овој сегмент, но сепак многу работи е потребно да се сменат. Можеби највеќе перцепцијата и размислувањето на луѓето и нивниот претприемачки дух.

Why You Want An Internet Business : If your answer to this question is a simple “I want to get rich” or “I just want to make easy money” then this is NOT the right opportunity for you. Can an Internet Business make you rich? Sure. Is it easy money? Definitely not. At least not at first .

Општо за Интернет бизнис модел

Започнување на сопствен бизнис е макотрпен и пред се ризичен потфат кој бара планирање, обмислување, премерување и одмерување. Многу фактори влијаат на крајната одлука за начинот, времето и типот на бизнисот што сакаме да го започнеме. Тука е пред се и свесноста за прифаќањето на ризикот од неуспех или погрешна проценка. Се разбира ова не треба да се свати како песимистички и негативен приод кон процесот на започнување на сопствен бизнис, но добро е човек да биде реален и подготвен за соодветно корегирање на стратегијата. И токму во тој дел Интернет ја нуди својата огромна компетитивна предност во флексибилност на начинот на кој се води бизнисот и можноста за брзи реакции и позиционирање согласно барањата на пазарот.

Не навлегувајќи во премногу длабоки и сеопфатни анализи сепак како најзначајни прдности на Интерент бизнис моделот може да се издвојат:

•  Нема временско и просторно ограничување – Интернетот работи на принципот на 24x7 достапен на целна група која не е географски односно физички ограничена;

•  Скратено време за реагирање на знаците кој доаѓаат од пазарот во смисла на флексибилност во воведување на нови сервиси и изменување на постоечките;

•  Можност за лесна имплементација на концептот на cross – selling пристап за сервисите и производите;

•  Можност за интеграција на повеќе продажни и маркетинг канали (весници, радио, ТВ);

•  Воведување на сосем нов пристап за рекламирање преку таканаречените rich – content (мултимедијални) понуди.

Типови на Интернет бизнис модел

Постојат неколку базични типови на Итернет бизнис модели како што следува:

  • Brokerage
  • Advertising
  • Merchant
  • Manufacturer (Direct)
  • Affiliate
  • Communitiy
  • Subscription
  • Utility

Во продолжение ќе дадеме опис на основните карактеристики на поинтересните и најчесто користени модели.

Брокерско работење (Brokerage)

Овој модел е всушност медиум за поврзување на понудувачите со купувачите (потрошувачите). Токму туку и најубаво може да се илустрира огромната флексибилност и моќност на Интернетот како светска глобална мрежа поврзувајќи ги учесниците во пазарот независно од нивната географска и временска оддалеченост. Моделот може да се појави во повеќе различни подвидови специфични по својата поставеност кон потрошувачите, флексибилност во изведувањето на трансакциите и палетата на сервиси кои се нудат. Во зависност од целната група овој интернет модел може да се појави како сервис за поврзување на:

•  два бизнис ентитета – компании ( business-to-business B2B ) ,

•  компании одосно понудувачи на услуги и потрошувачи-клиенти (business-to-consumer B2C)

•  хоризонтално поврзување на клиенти–потрошувачи (consumer-to-consumer C2C)

Во рамките на овој бизнис модел може да се идентифицираат повеќе карактеристични подгрупи како што следува:

Auction Broker – аукција на производи за соодветна провизија од секоја склучена зделка; како типични преставник секако се eBay и Amazon

Transaction broker (или уште се нарекуваат Payment Gateway) – се користат за изведување на финансиските транскации помегу учесиците на пазарот, како типични преставник секако е PayPall.

Distributor - принцип на каталошка понуда на листа на производи и нивна дистрибуција до крајните потрошувачи.

 

Интернет Маркетинг ( Advertising Model )

Интернет маректингот или уште како што се нарекува (online или Web marketing) е рекламирање на призводите и услугите на компанијата преку светската компјутерска мрежа.

Овој бизнис модел е всушност само една екстензија на традиционалниот начин на рекламирање. Се поголемата присутност на Интернет мрежата во секојдневното работење и живеење на луѓето всушност преставува изворедна можност за дистрибуција на соодветна реклама односно маркетинг порака. Во овој модел и тоа како доаѓа до израз флексибилноста на Интернетот преку можноста да се креираат интересни динамични реклами и пораки кои многу лесно може да бидат сегментирани и рефернцирани до саканата целна група. Најчесто овој бизнис модел се реализира преку изработка на таканаречен “портал” кој нуди информации, вести и/или текстови и истите имаат голем број на посетители кои всушност преставуваат целна група за таргетирање со одредни реклами и промоции на сервиси и услуги. Принцип на работа кој во економската литература е познато како cross – seling и up-selling техники. При тоа порталот може:

•  да биде развиен од самата компанија која нуди некаков производ и услуга како начин за привлекување на потенцијалните потрошувачи или пак

•  самостоен Интернет портал кој всушност преставува медиум за поставување на соодветни реклами за останатите компании и фирми.

 

Принцип на претплата (Subscription)

Всушност станува збор за портал кој функционира на принцип на регистрација на корисници. На тој начин преку одредена месечна претплата корисниците добиваат пристап до ексклузивни информации објвени на Интернет порталот.  

Социјални мрежи (Communitiy Model)

Во поново време сите сме сведоци на огромната експанзија на овој вид на интернет сајтови (My Space, Facebook, Hi5...). Ваквите сајтови имаат милиони регистрирани корисници и секојдневно огромен број на посети што преставува и тоа како солидна база на потенцијални корисници. Само како илустрација колку ова може да биде сериозен бизнис ќе го споменеме купувањето на MySpace од страна на News Corp. (Rupert Murdoch) за 580 милиони долари, или пак објавата дека Facebook за 2007 остварила приход од 150 милиони долари ......

 

Се разбира дека со ова не се исцрпуваат сите можни Интернет бизнис модели. Практично не постои дел од човековото делување кое не може повеќе или помалку да биде опфатено преку Интернет. Веке денес софтверската индустрија полека но сигурно целосно се базира на концептот на виртуализација – користење на ресурси кои физички корисникот и не ги поседува но благодарејќи на Интернет задржана е целосната функционалност на Вашиот омилен текст процесор или е-маил клиент иако тие се дисперзирани и лоцирани некаде низ “мрежата”. Ваквиот пристап е позната како Utility модел. При тоа секако се ннаметнува прашањето на сигурноста во изведувањето на овие операции, но и тука се прават огромни напори да сето тоа се постави на едно соодветно ниво кое ќе обезбеди заштита и доверливост на информациите.

Телевизијата, радиото, телефонијата веќе одамна се целосно интегрирани во и преку Интернет. Сето тоа отвара нови хоризонти и нови претпоставки за развој и зголемување на понудата и сервисите, кои зависат најмногу од добрата идеја и претприемачкиот дух.

Впрочем појавата на Google како светски економски гигант е најдобра потврда на тоа. Google се појави на пaзарот токму кога Yahoo, Altavista, Infoseek пребарувачките портали беа во зенитот на својата моќ.

 

Предизвиците но и можностите во тој поглед се речиси неограничени.

Состојба во Македонија

Каква е состојбата на ова поле во нашава држава? Колку компаниите ја користат флексибилноста и моќта на Интернет за да бидат поуспешни, поефикасни и порентабилни. Колку нашите потрошувачи се навикнати да го користат Интернетот за завршување на своите обврски и работни задачи. Резервиравте за годишниот одмор преку Интернет или отидовте во агенција? Уплатата на струја и комунални услуги ја направивте преку Интернет? Дали можете да направите увид на Вашата имотна состојба во катастарот? Дали даночните пријави ги доставувате електронски ? Дали комуникацијата со Вашиот брокер го правите електронски? Дали .....

Општ е впечатокот дека трендот како во побарувачката така и во понудата на Интернет сервисите во нашава држава е во нагорна линија, како што е повеќе од јасно дека општото ниво е сеуште на ниско ниво. Многу работи треба да се сменат почнувајќи од заокружување на законска регулатива или допрецизирање на истата па се до зголемување на пристапноста на Интернет врските до секој граѓанин.

Би сакале да го чуеме Вашето мислење на оваа тема:

•  Дали го користите Интернет во Вашиот бизнис?

•  Што како потрошувач – корисник најмногу Ви недостасува во Интернет понудата?

•  Дали како претприемач – управител на бизнис сте размислувале за проширување на својот бизнис преку Интернет? Кои се Вашите дилеми, непознаници и предлози во врска со тоа?

Ве очекуваме на форумот!


 
Регионални индекси 26.12.2008
 
MBI10

2.062,87 

-1,03

MBID

2.193,08 

+0,19
Crobex

1.758,57

0,00
Sasx-10

1.204,10 

+1,07
Birs

1.000,22

+0,63
Nex20

8.828,64 

+0,84 

Moste

390,32 

+0,21
Belex15

538,42

+2,04
SBI20

3.566,12

0,00
 
Банер
Банер