КУРСНА ЛИСТА- НБРМ
29 Декември 2008 -ПОНЕДЕЛНИК
Вал. Куп. Сред. Прод.
EUR

61.1058

61.412961.7200
CHF 40.456740.660040.8633
GBP 63.924964.246264.5674
USD 43.420643.638843.8570
Совет на НБРМ: Македонскиот банкарски систем стабилен и со динамичен развој
Петок, 31 Октомври 2008
Советот на Народната банка на Република Македонија на седницата одржана на 30.10.2008 заклучил дека

Советот на Народната банка на Република Македонија на седницата одржана на 30.10.2008 заклучил дека македонскиот банкарски систем во првите шест месеци од годинава продолжил динамично да се развива и успеал да ја одржи стабилноста и отпорноста на надворешни фактори.

Вкупната актива на банкарскиот систем на Македонија во првата половина од годинава достигна износ од 241,1 милијарда денари, што во однос на крајот на минатата година претставува пораст од 7,8 проценти.

Најголемо влијание врз растот на активата на банките имале депозитите на нефинансиските субјекти, кои во првата половина од оваа година забележаа пораст од 10,2 проценти. Трендот на забрзана кредитна активност на банките продолжи со поголем интензитет и во текот на првите шест месеци од годинава, при што вкупните кредити на нефинансиските субјекти забележаа полугодишен пораст од 19,5 проценти. Кредитите на населението растеа најзасилено, со полугодишна стапка од 22,3 проценти, при што највисок придонес во нивниот пораст забележаа потрошувачките кредити со 39,4 проценти и кредитните картички со 22,8 проценти, информира Централната банка.

На 30 јуни годинава пласманите кај странските банки изнесуваа 30,5 милијарди денари и во однос на крајот на минатата година забележаа намалување од 5,7 милијарди денари, односно 15,8 проценти.

Во текот на првата половина од 2008 година, банките остварија вкупна добивка од 2,5 милијарди денари, што во споредба со истиот период од 2007 година претставува зголемување за 13,2 проценти. На крајот на првото полугодие од годинава, стапката на повратот на капиталот (РОЕ) и стапката на повратот на активата (РОА) на банките се со износ од 19,1 процент и 2,2 проценти.

Народната банка оценува дека и покрај значителниот пораст на вкупните активности на банките, нивната солвентна позиција е релативно висока, а кредитниот ризик покажал натамошно благо намалување.


 
Регионални индекси 26.12.2008
 
MBI10

2.062,87 

-1,03

MBID

2.193,08 

+0,19
Crobex

1.758,57

0,00
Sasx-10

1.204,10 

+1,07
Birs

1.000,22

+0,63
Nex20

8.828,64 

+0,84 

Moste

390,32 

+0,21
Belex15

538,42

+2,04
SBI20

3.566,12

0,00
 
Банер
Банер