КУРСНА ЛИСТА- НБРМ 29 Декември 2008 -ПОНЕДЕЛНИК | Вал. | Куп. | Сред. | Прод. | EUR | 61.1058 | 61.4129 | 61.7200 | CHF | 40.4567 | 40.6600 | 40.8633 | GBP | 63.9249 | 64.2462 | 64.5674 | USD | 43.4206 | 43.6388 | 43.8570 |
|
Основни податоци за банки
|
Сабота, 12 Април 2008 |
Стопанска банка АД Скопје е најголема банка во Република Македонија според вредноста на капиталот и мрежата на филијали.
На почетокот на 2000. година Стопанска Банка АД Скопје беше преземена од Националната Банка на Грција – најголемата банкарска групација во Југоисточна Европа.
Стопанска банка АД Скопје има најголема мрежа на филијали во земјата која ја сочинуваат 25 филијали и 31 експозитурa. По преземањето од НБГ, Стопанска банка АД Скопје ја зајакна својата конкурентност преку интензивно реструктуирање. Банката воведе софистициран информационен систем и нова организациона структура, го исчисти своето кредитно портфолио, воведе стандардизирани процедури за кредитно одлучување, управување со ризиците и набавките, го намали вишокот вработени и стана водечка компанија во земјата во корпоративното управување. Денес, Стопанска банка АД Скопје е единствена домашна банка која е во состојба да врши он-лајн извршување на сите банкарски операции на целата територија на земјата и да обезбеди брзи и целосни информации во реално време. Како членка на голема меѓународна групација, Стопанска банка АД Скопје има круцијална улога во зајакнувањето на финансискиот систем на Република Македонија. Таа им нуди на македонските компании и граѓани широка лепеза на најсовремени банкарски услуги само на чекор од нив.
Превземено од сајтот на Стопанска Банка.
КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
Контакт центар на Стопанска банка АД Скопје тел. +389 (0)2 3100109
|
|
|
MBI10 | 2.062,87 |  | -1,03 | MBID | 2.193,08 |  | +0,19 | Crobex | 1.758,57 |  | 0,00 | Sasx-10 | 1.204,10 |  | +1,07 | Birs | 1.000,22 |  | +0,63 | Nex20 | 8.828,64 |  | +0,84 | Moste | 390,32 |  | +0,21 | Belex15 | 538,42 |  | +2,04 | SBI20 | 3.566,12 |  | 0,00 |
| |
|