КУРСНА ЛИСТА- НБРМ
29 Декември 2008 -ПОНЕДЕЛНИК
Вал. Куп. Сред. Прод.
EUR

61.1058

61.412961.7200
CHF 40.456740.660040.8633
GBP 63.924964.246264.5674
USD 43.420643.638843.8570
Стандард & Пурс со негативна перспектива за македонската валута
Среда, 03 Декември 2008

Можното намалување на рејтиног на денарот агенцијата го објаснува со опаѓачката ликвидност, намаленото надворешно финансирање и ослабениот извоз, фактори кои ќе имаат негативен ефект врз македонската економија.

Зголемените цени на увозната енергија, рапидното зголемување на увозот на основни добра и падот на цените и побарувачката на металите ќе водат до рапидно влошување на дефицитот на тековната сметка вели проценката на рејтинг агенцијата. Тој во 2008-та ќе достигне 15% од брутодомашниот производ, наспроти 7,1% годината пред тоа.

Заедно со намалениот доток на пари од странство оваа состојба ќе предизвика послаб економски раст и ќе го отежни одржувањето на фиксниот курс на денарот наспроти еврото, констатира Стандард & Пурс.

Ваквото сценарио е слично на она што се случува и во останатите земји од Централна и Источна Европа.

Аналитичарите на агенцијата велат дека за намалувањето на ликвидноста и меѓународните резерви одговорна е и исклучително експанзионистичката фискална политика.

Минатиот месец агенцијата Фич го намали рејтингот на Македонија од стабилен во позитивен, наведувајќи ги истите причини.
(преземено од СИТЕЛ)


 
Регионални индекси 26.12.2008
 
MBI10

2.062,87 

-1,03

MBID

2.193,08 

+0,19
Crobex

1.758,57

0,00
Sasx-10

1.204,10 

+1,07
Birs

1.000,22

+0,63
Nex20

8.828,64 

+0,84 

Moste

390,32 

+0,21
Belex15

538,42

+2,04
SBI20

3.566,12

0,00
 
Банер
Банер