КУРСНА ЛИСТА- НБРМ
29 Декември 2008 -ПОНЕДЕЛНИК
Вал. Куп. Сред. Прод.
EUR

61.1058

61.412961.7200
CHF 40.456740.660040.8633
GBP 63.924964.246264.5674
USD 43.420643.638843.8570
Денарот ќе остане стабилен
Петок, 05 Декември 2008

Министерот Славески демантира дека агенцијата Стандард & Пурс во својот извештај зборува за намалување на рејтингот на македонската валута.

Според него, веста која вчера во овој облик ја пренесоа повеќе странски агенции, меѓу кои и информативниот сервис на Дау Џоунс, е погрешна.

Предупредувањето на рејтинг агенцијата дека намалената ликвидност и доток на пари од странство ќе го отежнат одржувањето на фиксниот курс на денарот наспроти еврото, за Славески е предизвик со кој Владата и Централната банка можат да се носат.

- Наместо секој месец од годината Централната банка да го откупува вишокот девизи на пазарот и така да ги зголемува девизните резерви, можеби ќе се јави потреба два - три месеци, како што тоа го направи во 2008-та, да изврши нето продажба на девизи затоа што тоа така го бара пазарот - вели Славески.

Министерот за финансии не се согласува ниту со тврдењето на Стандард & Пурс дека Македонија се соочува со намалување на ликвидноста, напротив банките располагаат со доволно финасии за да одговорат на потребите на стопанството, а подолго време Македонија имала проблем со вишокот ликвидност. Од друга страна, имало голема заинтересираност кај странските инстутуции за финансирање во земјата.

Можност за девалвација на денарот нема ниту за гувернерот Гошев кој вчера изјави дека стабилниот курс на денарот ќе се брани со сите мерки на монетарната политика.

Агенцијата Стандард & Пурс предупреди дека земјава се соочува со галопирачки раст на трговскиот дефицит и дека и претстои пад на извозот. Тоа негативно влијае на економскиот раст и врши притисок врз фиксниот курс на валутата, се вели во извештајот.


 
Регионални индекси 26.12.2008
 
MBI10

2.062,87 

-1,03

MBID

2.193,08 

+0,19
Crobex

1.758,57

0,00
Sasx-10

1.204,10 

+1,07
Birs

1.000,22

+0,63
Nex20

8.828,64 

+0,84 

Moste

390,32 

+0,21
Belex15

538,42

+2,04
SBI20

3.566,12

0,00
 
Банер
Банер