КУРСНА ЛИСТА- НБРМ
29 Декември 2008 -ПОНЕДЕЛНИК
Вал. Куп. Сред. Прод.
EUR

61.1058

61.412961.7200
CHF 40.456740.660040.8633
GBP 63.924964.246264.5674
USD 43.420643.638843.8570
Стартува третиот пензиски столб
Вторник, 16 Декември 2008

Третиот пензиски столб, кој што нуди  можност за обезбедување пензиски надоместок за лица кои не се опфатени со задолжителното пензиско осигурување, треба да стартува од 1-ви јануари 2009 година.

Овој сегмент на пензискиот систем е поставен како и вториот, со кој се регулира задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување, но е со поголема флексибилност во однос на основачите, начинот на инвестирање и користење на сресдставта како пензиски надоместок, беше истакнато на семинарот викендов во Битола организиран од Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС.

Член на овој вид пензиски фондови може да стане секое домашно или странско лице со навршени 18 години кое, без оглед дали е вработено, со склучување договор со друштвото.

Во третиот столб повлекувањето на средствата, доброволните фондови може да започне 10 години пред законската возрасна граница во задолжителното пензиско осигурување, 52 години за жени и 54 години за мажи, во случај на општа неспособност за работа без оглед на возраста и во случај на смрт на член од семејството на осигуреникот.

Гаранции за доброволните пензиски фондови од државата нема да има, како што е случак со вториот пензиски столб, каде што државата гарантира 80% од вредноста на фондот. Сепак контролата на нивното работење ќе ја има МАПАС и како крајна мерка за незаконско работење може да им биде одземена лиценцата за вршење на дејноста.


 
Регионални индекси 26.12.2008
 
MBI10

2.062,87 

-1,03

MBID

2.193,08 

+0,19
Crobex

1.758,57

0,00
Sasx-10

1.204,10 

+1,07
Birs

1.000,22

+0,63
Nex20

8.828,64 

+0,84 

Moste

390,32 

+0,21
Belex15

538,42

+2,04
SBI20

3.566,12

0,00
 
Банер
Банер