КУРСНА ЛИСТА- НБРМ
29 Декември 2008 -ПОНЕДЕЛНИК
Вал. Куп. Сред. Прод.
EUR

61.1058

61.412961.7200
CHF 40.456740.660040.8633
GBP 63.924964.246264.5674
USD 43.420643.638843.8570
Франција во рецесија oд јануари 2009-та
Петок, 19 Декември 2008

Франција во јануари ќе влезе во рецесија за прв пат од 1993 година, со тенденција за натамошно успорување на економијата и раст на невработеноста, прогнозира денеска националниот Институт за статистика.

Нагласувајќи дека стопанскиот раст оваа година останал позитивен (0,8 проценти), иако помал од минатата година (2,1 отсто), статистичарите проценија дека следната година може да се очекува силен пад на бруто домашниот производ.

Рецесијата, која настапува кога стопанството на земјата почнува да остварува негативна стапка на раст во две тримесечиа едно по друго, ќе има влијание и врз пазарот на работна сила.

Во првата половина од следната година се предвидува дека без работа ќе останат 169 илјади граѓани, што значи дека до јуни работните места ќе ги загубат осум проценти од работоспособното население.

Поради интензивното намалување на побарувачката во и надвор од земјата и потешкотиите со земањето кредити, во првата половина од следната година се очекува и пад на вложувањата на француските фирми.

Претпријатијата ќе бидат принудени да го намалат производството, особено во автомобилската индустрија.

Француската Влада се уште најавува раст меѓу 0,20 и 0,50 проценти за следната година, брагодарение на планот за придвижување на стопанството, што го одобри на почетокот на овој месец, а кој предвидува државата да ги поттикне инвестициите со 26 милијарди евра. 


 
Регионални индекси 26.12.2008
 
MBI10

2.062,87 

-1,03

MBID

2.193,08 

+0,19
Crobex

1.758,57

0,00
Sasx-10

1.204,10 

+1,07
Birs

1.000,22

+0,63
Nex20

8.828,64 

+0,84 

Moste

390,32 

+0,21
Belex15

538,42

+2,04
SBI20

3.566,12

0,00
 

Светски берзи

Powered by GLOBAL NET
Банер
Банер