КУРСНА ЛИСТА- НБРМ
29 Декември 2008 -ПОНЕДЕЛНИК
Вал. Куп. Сред. Прод.
EUR

61.1058

61.412961.7200
CHF 40.456740.660040.8633
GBP 63.924964.246264.5674
USD 43.420643.638843.8570
Bank of England: Згрешивме што не реагиравме на задолжувањето
Понеделник, 22 Декември 2008
Заменик-гувернерот на Банката на Англија, Џон Гив денеска призна дека британската централна банка погрешила што не умеела да реагира на „лудоста во задолжувањето“ во земјата.

Во интервју за Би-Бо-Си, Гив вели дека Банката не ја разбрала острината и тежината на таа појава во време на годините на успех и просперитет на домашната економија.

- Го гледавме забрзаното зголемување на цените на становите и поскапувањето на куќите и другиот имот, што беше неодржливо, но и покрај тоа направивме лоша проценка за опасноста што се создава притоа за долготрајното опоравување на економијата, изјави Гив.

Тој нагласи дека се потребни нови инструменти, што се наоѓаат меѓу каматите кои ја оптоваруваат економијата и мерките за надгледување, и регулирање во секоја банка.

Признанието на вториот човек на британската централна банка е во спротивност со филозофијата на мерките за спас на домашната економија и на политиката на премиерот Гордон Браун, кој инсистира на тоа дека со натамошното задолжување и трошење ќе може да го покрене британското стопанство кое бележи голем пад оваа година и кое е на работ од рецесија, што ќе продолжи и следната година.


 
Регионални индекси 26.12.2008
 
MBI10

2.062,87 

-1,03

MBID

2.193,08 

+0,19
Crobex

1.758,57

0,00
Sasx-10

1.204,10 

+1,07
Birs

1.000,22

+0,63
Nex20

8.828,64 

+0,84 

Moste

390,32 

+0,21
Belex15

538,42

+2,04
SBI20

3.566,12

0,00
 

Светски берзи

Powered by GLOBAL NET
Банер
Банер