КУРСНА ЛИСТА- НБРМ
29 Декември 2008 -ПОНЕДЕЛНИК
Вал. Куп. Сред. Прод.
EUR

61.1058

61.412961.7200
CHF 40.456740.660040.8633
GBP 63.924964.246264.5674
USD 43.420643.638843.8570
Што треба да знаете за една Банка, пред да ги орочите Вашите пари!
Депозити
Вторник, 23 Декември 2008

 

Овој текст е преземен од ПРОКРЕДИТ БАНКА

Кои се сопствениците на Банката?

Информирајте се за акционерската структура на банката, за нивната репутација и стабилност.

  • Зошто е потребно да знам?

Тоа е показател за сигурноста на банката и значајно е зад неа да стојат и да одлучуваат реномирани институции. 

  • Како можам да го најдам овој податок? 

Информирајте се преку вработените во Банката, официјалната веб страница или документирани извори како годишен извештај, брошури итн. 

 

Дали Банката поседува оценка за рејтинг од реномирана и независна агенција?

  • Зошто е потребно да знам?

Постојат агенции кои даваат независно мислење за стабилноста на банката и прават анализа според квалитетот на кредитното и депозитно работење, при тоа анализирајќи

а) дали банката врши добра кредитна анализа,

б) дали исплаќа кредити на оние субјекти кои можат да го вратат кредитот. Врз основа на овие податоци, агенцијата дава оценка и одредува рејтинг и степен на сигурност или ризичност на Банката. 

  • Како можам да го најдам овој податок? 

Информирајте се преку вработените, преку официјалната веб страница или преку веб страницата на некоја од рејтинг агенциите. 

 

Како Банката ги инвестира средствата од депозитите на граѓаните? 

а) дали нуди кредитни производи и кому?

б) колкав е процентот на кредити кои се во доцнење со исплатата и процентот на отпишани кредити?

  • Зошто е потребно да знам? 

Банките ги инвестираат средствата од депозитите на граѓаните во кредити за население и/или претпријатија. За тоа дали правилно и безбедно ги инвестира средствата, потребно е да се знае дали истата кредитира врз основа на квалитетна и детална финансиска анализа на кредитобарателите. Се смета дека ризикот за средствата на граѓаните е минимален, доколку процентот на кредитите кои се во доцнење со отплатата е под 3%*.

* според светската пракса 

  • Како можам да го најдам овој податок? 

Овие податоци се достапни во месечните извештаи кои Банката ги доставува до Народна Банка на РМ и годишниот извештај. 

Колку камата навистина добивате?

  • Зошто е потребно да знам?

Каматните стапки се изразуваат на годишно ниво. При тоа пресметката за тоа колку камата ќе добиете за периодот на орочување, можете да ја направите и сами и тоа на следниов начин:

а) коja е всушност каматата за еден месец?

камата за една година поделено со 12 месеци = камата за еден месец

Сакам да орочам 10.000 евра на 3 месеци (април, мај, јуни) а Банката ми вели дека каматната стапка изнесува 3,5% за една година.

 СМЕТАМ ВАКА:

                            1000 x 3,5 x 91 денови  
                        ( ------------------------------------- ) :100 = 8,72 х 365
                                       365

б) колку камата добивам по истекот на периодот?

Cумата која сакам да ја орочам помножено со каматна стапка на год.ниво помножено со период на орочување во денови поделено со број на денови во календарска година

ПРИМЕР: Сакам да орочам 10.000 евра на 12 месеци (1 година) и каматната стапка изнесува 3,5% за една година.

СМЕТАМ ВАКА:

                            1,000 x 3,5 x 365  
                          ----------------------------- = 35 €
                                365 x 100

 

Дали каматната стапка значително се разликува од останатите на финансискиот пазар?

  • Зошто е потребно да знам ?

Доколку каматната стапка е значително повисока од оние на останатите банки и претставува нелогична и неразумна бројка, може да значи дека Банката има недостаток на парични средства и дека прифаќа поголеми ризици во работењето или нема доволно парични средства за да ги исплати постоечките обврски кон клиентите.

 

Дали каматната стапка е фиксна и дали Банката го задржува правото да ја смени каматната стапка во текот на периодот на орочување, по склучениот договор со клиентот?

  • Зошто е потребно да знам ?

Каматната стапка треба да е фиксна и непроменлива во текот на целиот период на орочување: од моментот кога сте ги орочиле средствата, се до последниот датум на орочениот период.

  • Како да го најдам овој податок?

Информирајте се преку вработените во банката и добро прочитајте го договорот пред да го потпишете.

 

При тоа, добро е да се информирате и:

а) дали Банката наплаќа провизија за отворање и/или одржување на депозитот?

б) дали можете да го разорочите влогот предвремено, секогаш кога ќе Ви биде потребно?

Доколку одговорот е да, тогаш:

  • дали се пресметува казнена камата за раскинување на договорот?
  • дали при тоа ќе се намали вашиот влог?

 
Регионални индекси 26.12.2008
 
MBI10

2.062,87 

-1,03

MBID

2.193,08 

+0,19
Crobex

1.758,57

0,00
Sasx-10

1.204,10 

+1,07
Birs

1.000,22

+0,63
Nex20

8.828,64 

+0,84 

Moste

390,32 

+0,21
Belex15

538,42

+2,04
SBI20

3.566,12

0,00
 
Банер
Банер