КУРСНА ЛИСТА- НБРМ
29 Декември 2008 -ПОНЕДЕЛНИК
Вал. Куп. Сред. Прод.
EUR

61.1058

61.412961.7200
CHF 40.456740.660040.8633
GBP 63.924964.246264.5674
USD 43.420643.638843.8570
ИИФ: Светското стопанство со негативен раст во 2009-та
Вторник, 23 Декември 2008

Растот на светското стопанство во 2009 година ќе биде негативен, за првпат од 1960 година кога започнала да се води оваа статистика, оцени ИИФ (Институтот за меѓународни финансии) со седиште во Вашингтон.

Во извештајот на ова здружение на светските финансиски институции се предвидува дека растот на светското стопанство ќе изнесува минус 0,4 проценти, додека оваа година изнесува речиси плус 2 процента.

Според прогнозата, рецесијата ќе продолжи во некои најголеми стопанства како САД, западна Европа и Јапонија. Се предвидува дека овие региони во идната година ќе забележат пад на економската активност од околу 1,5 проценти. Растот на некои други економии кои се во развој, нагло се успорува, па за економијата во Кина се предвидува дека ќе се успори на 6,5 отсто, а на Индија на 5 проценти.

Економистот Сати, автор на прогнозата, истакнува дека најмногу го загрижува можноста дека оваа слабост ќе почне сама себе да се потхранува: „Една од работите кои посебно загрижуваат во сегашната ситуација е тоа колку бргу работите се променија. Пред само три или четири месеци предвидувавме слаб раст, но не и директна рецесија. Но, условите се променија, не само во САД, туку и во голем дел од светската економија“.


 
Регионални индекси 26.12.2008
 
MBI10

2.062,87 

-1,03

MBID

2.193,08 

+0,19
Crobex

1.758,57

0,00
Sasx-10

1.204,10 

+1,07
Birs

1.000,22

+0,63
Nex20

8.828,64 

+0,84 

Moste

390,32 

+0,21
Belex15

538,42

+2,04
SBI20

3.566,12

0,00
 

Светски берзи

Powered by GLOBAL NET
Банер
Банер