КУРСНА ЛИСТА- НБРМ
29 Декември 2008 -ПОНЕДЕЛНИК
Вал. Куп. Сред. Прод.
EUR

61.1058

61.412961.7200
CHF 40.456740.660040.8633
GBP 63.924964.246264.5674
USD 43.420643.638843.8570
ЕЦБ: Финансиските пазари покажуваат знакови на “споро и постепено смирување”
Среда, 24 Декември 2008

Европската Централна Банка е во подобра ситуација од Главната Централна Банка на Америка, ФЕД, која ги има смалено клучните каматни стапки скоро  до 0%, изјави Лорензо Бини Смаги член на извршниот одбор за еден италијански весник. 

На прашањето на италијанскиот дневен весник Il Messaggero дали ЕЦБ размислува да ги следи стапките на ФЕД во смалување на каматните стапки, Бини Смаги одговори дека кредитната состојба во САД е многу полоша од колку во Европа, предупредувајќи дека не треба да се има многу попустлива монетарна политика зошто тоа е голем ризик.

"Ситуацијата во САД драстично се разликува од ситуацијата во Европа. Механизмите за префрлување во САД функционираат послабо, изјави Бини Смаги.
Исто така истакна дека и каматните стапки на финансиските компании (компании кои што даваат кредити) и потрошувачите останале високи како и во еврозоната, иако клучните каматни стапки во ФЕД изнесува од 0 до 0,25%, наспротив на тие на ЕЦБ кои изнесуваат околу 2,5%.
"Не смееме да заборавиме дека моменталната криза е настаната заради тоа што каматните стапки подолго време се држеле на многу ниско ниво ", додаде тој.

Биби Смаги потврди дека финансискиот пазар покажува знаци на споро и постепено смирување, но порача дека треба каматните стапки на меѓународниот пазар да се прилагодуваат побрзо според падот на нивото на каматните стапки на ЕЦБ.  
Исто така ги повика банките да им осигураат на своите клиенти брз пристап до кредити со што на тој начин би се ограничиле последиците од кризата во трговијата. Тој ги посоветува банките исто така да прифатата и парични понуди од државата за да се зголеми довербата во банкарскиот систем.

Бини Смаги предупреди дека според истражувањата банките планираат дополнително да ги заострат условите за кредитирање, упатувајќи дека тој потег би имал само негативен ефект врз самите банки како и трговијата.


 
Регионални индекси 26.12.2008
 
MBI10

2.062,87 

-1,03

MBID

2.193,08 

+0,19
Crobex

1.758,57

0,00
Sasx-10

1.204,10 

+1,07
Birs

1.000,22

+0,63
Nex20

8.828,64 

+0,84 

Moste

390,32 

+0,21
Belex15

538,42

+2,04
SBI20

3.566,12

0,00
 

Светски берзи

Powered by GLOBAL NET
Банер
Банер