КУРСНА ЛИСТА- НБРМ
29 Декември 2008 -ПОНЕДЕЛНИК
Вал. Куп. Сред. Прод.
EUR

61.1058

61.412961.7200
CHF 40.456740.660040.8633
GBP 63.924964.246264.5674
USD 43.420643.638843.8570
Мерките на Обама за спас на економијата се “тешки” 850 милијарди долари за две години
Среда, 24 Декември 2008
Новоизбраниот претседател на Америка Барак Обама во петокот ги објави имињата на членовите од својот кабинет кои ќе ги водат кабинетите за транспорт, труд, трговија и мали претпријатија, финализирајќи ја администрацијата еден месец пред инаугурацијата на 20 Јануари 2009.

На конференција за новинари во Чикаго, Обама изјави дека за министер за транспорт го поставил Раја ЛаХуд, републички конгресмен од Илиноис, кој заедно со министерот за одбрана Роберт Гејтс ќе биде вторит републиканец во владата.

Демократската конгресменка од Калифорнија Хилда Соли, со мексичко-никарагванско потекло, е иманувана за министер за труд.

Некогашниот прв афричко-американски градоначалник на Далас, Рон Кирк е именуван за трговски претставник за САД, додека пак Карен Милс, претприемач, ќе ја води управата за мал бизнис. 

Сите четири именувања се потврдени и од Сенатот. Обама предупреди дека економското закрепнување на Америка ќе трае со години, со што најави големи државни пакети за поттик на економијата.
“Ќе трае подолго од колку ние што би сакале, со години, не со месеци. Ќе биде и полошо пред да се врати се во нормала. Но ќе ни биде подобро ако сме подготвени да делуваме брзо и одлучно”, рече Обама.

Обама не сакаше да потенцира колку државни пакети за поттик ќе предложи, иако неговите економски советници пред тоа нагласија дека можеби се работи дури за 850 милијарди долари во период од две години.
Обама кажа дека тоа ќе бидат големи средстава, зошто приоритетна улога ќе биде да отворање на нови работни места, враќање на економијата на правиот пат и закрепнување на финансискиот пазар”. Тоа сепак ќе чини многу пари” изјави Обама нагласувајќи дека ќе троши одговорно.

Кратко време од кога администрацијата на Буш одобри 13,4 милијарди долари за автоиндустријата, и уште 4 милијарди во февруари, Обама оцени дека то се нужни чекори кои што мора да се превземат, препорачувајќи им на “Големата Тројката” од Детроид дека мора да ја искористат приликата и да ги реконструираат компаниите за да се спаси автоиндустријата и за да можат понатаму да се посветат на развој на економични автомобили за во иднината.
 
Регионални индекси 26.12.2008
 
MBI10

2.062,87 

-1,03

MBID

2.193,08 

+0,19
Crobex

1.758,57

0,00
Sasx-10

1.204,10 

+1,07
Birs

1.000,22

+0,63
Nex20

8.828,64 

+0,84 

Moste

390,32 

+0,21
Belex15

538,42

+2,04
SBI20

3.566,12

0,00
 

Светски берзи

Powered by GLOBAL NET
Банер
Банер